Теоријата според која секоја жена и се соперничка на другата, поради што не постојат длабоки женски пријателства лишени од завист и искрена доверба веќе одамна има паднато во вода. Тоа на јавноста и го покажа телевисиската посвета на женското пријателство, „Сексот и градот“. Но, мораме да признаеме дека постојат барем 5 типови на жени кои не можат да се поднесуваат едни со други...

1. Поранешната девојка на вашиот партнер
Зошто? Затоа што никогаш не сте сигурни дали се уште чувствува нешто кон неа. Дали ви раскажал се во врска со неа? Или сепак го пропуштил онаа најважното? Како го поминувале времето заедно? Како се сакале? Зошто се разделиле? Дали нивниот секс бил подобар од вашиот? Речиси не постои жена која не е љубопитна кога станува збор за бившата девојка на нејзиниот сакан. И бидејќи мажите во главно избегнуваат да одговорат на ваквите и слични прашања или даваат прилично неодредени одговори, таа нивна таинственост уште повеќе ги поттикнува жените да размислуваат на такви работи.
2. Најдобрата пријателка на вашиот партнер
Зошто? Затоа што таа, по дефиниција, е забавна, духовита и секогаш добро расположена. Ако, по некоја случајност, добро изгледа, тогаш тоа е уште една причина да не ја сакате. Ве излудува кога вашиот партнер поминува време во нејзино друштво и после тоа се враќа одлично расположен. Кога сте во нивно друштво, се чувствувате запоставено и сувишно, во главно само се смешкате и не ги разбирате нивните заеднички шеги. Самата помисла дека вашиот драг, барем на момент, на прво ставил некоја друга жена, па дури и тоа да е неговата најдобра пријателка, ве излудува. Сепак, не заборавајте дека тие дружења со најдобрата пријателка стануваат се поретки, додека поголемиот дел од времето во центарот на вниманието сте сепак вие.
3. Неговата мајка - госпоѓата сверква
Зошто? Затоа што таа готви најдобро на светот. Сармата која вие ќе ја направите, никогаш нема да биде добра како нејзината. Затоа што таа најдобро знае што му е потребно на нејзиниот син (а ваш маж или дечко). Сепак, таа е онаа која го родила и одгледала. Земајќи го тоа во предвид, вашиот сакан никогаш не знае како да и каже не. Но, без обѕир на се, благодарение на свекрвата, вие имате пример каква не треба да станете „кога ќе пораснете“.

4. Вашата шефица
Зошто? Затоа што секогаш е незадоволна и фрустрирана. Кога ќе влезе во канцеларијата, имате чувство дека ве спопаднал ураган. Секогаш мисли дека се знае најдобро, а всушност своето незнаење се обидува да го прикрије истакнувајќи ги вашите недостатоци. Не ја сакате затоа што има поголеми шанси од вас. Никогаш не ви упатила пофални зборови. Не ја сакате затоа што и сте подредени, иако мислите дека сте поспособни од неа. Иако ви создава само стрес во животот, имате две можности: да бидете стрпливи и да се надевате дека работите ќе се променат кога таа ќе добие отказ или вие сменете го работното место.
5. Сопнзоруши
Зошто? Затоа што, по правило, се згодни, имаат долга негувана коса, убаво лице и големи гради. Машките се луди по нив, иако поголемиот број од нив го порекнуваат тоа. Никако не ви е јасно зошто такви девојки секогаш успеваат да добијат се што сакаат од мажите. Освен тоа, во животот не прават ништо освен секојдневните третмани во козметичките фризерски салони и задолжителните ноќни излегувања. Сепак, ако ви е тоа некаква утеха, мажите ги сакаат таквите жени за кратка забава, а не за сериозна врска.
