ВИЦ
Oчила ТОП ВИДЕО |
Monday, 07 February 2011 19:28
Занимливости
Потрошила 20.000 фунти и носела 9 фустани на нејзината венчавка, затоа што не можела да се одлучи за само еден...
Како и секоја идна невеста, Хелен Манка сакала совршен фустан за нејзиниот свадбен ден. Но, таа едноставно не можела да се одлучи за само еден. Девет месеци пред нејзината венчавка со Џо Глас, 25 годишната купила 18 фустани за повеќе од 20.000 фунти.
А на самиот ден на венчавката таа носела девет од тие фустани на различни нивоа од вечерта, од церемонијата се до диското каде што отишле во раните утрински часови. „Секој пат кога ќе пробав фустан морав да го имам“, рече новата госпоѓа Глас во домот на парот, во Гилдфорд, Сари. „Но, кога ќе го однесев дома и ќе го споредев со останатите фустани што веќе ги имав купено, не можев да поднесам да изберам. На крајот, знаев дека 18 се премногу и дека ќе немам време да ги носам сите, па помислив за различните нивоа на венчавката и одлучив дека 9 би биле совршени.“
Госпоѓа Глас, која заработува 60.000 фунти годишно, платила за осум од деветте фустани сама по цена од 12.370 фунти. Деветтиот и најскап фустан бил 5.500 фунти, креација од дизајнер, и и го купиле родителите, а го носела додека за првпат танцувала со својот 24 годишен сопруг.
Од 9 одбиени фустани, еден бил вратен во продавницата но другите не можеле да се вратат, па затоа пет продала на еBay, а другите три ги дала во добротворни цели. Невестата призна дека била „ненормално разгалена“ на својата венчавка, каде што имала седум деверуши и пет девојчиња што ги носеле цвеќињата.
|
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|


























