Tuesday, 01 February 2011 04:01 Занимливости

Њујоршката слаткарницата "Serendipity 3", која е позната по прекрасните и многу скапи десерти овој пат влегува во Гинисовата Книга на Рекорди...


Мајсторите во познатата продавница направија десерт "Frrrozen Haute Chocolate", чија цена изнесува 18 925 евра. Ова е најскапата и најгламурозната слатка во светот.



Ако имате можност да ја посетите слаткарницата треба да известите два дена претходно за вашето доаѓање, за да може слатките да бидат подготвени и свежи.

Тајната на скапоцените десерти е во тоа што секој од нив содржи 24 каратно швајцарско злато во листенца за конзумирање, а чоколадото е облеано со 24 каратна златна хартија за конзумирање.



Идејата за скапоцените десерти се "родила" во 2005 година, кога е одбележана 50 годишнината од отворањето на слаткарницата. По тој повод слаткарите направиле сладолед со скапоцен метал, а за 5 години 200 купувачи имале можност да ја вкусат слатката креација. Потоа сопственикот на продавницата создал уште еден неверојатен колач "Frrrozen Haute Chocolate". За да пробате од божествениот колач треба да го нарачате две недели порано. Се уште не е продаден ниту еден, иако зад секој "Frrrozen Haute Chocolate" стои хуманитарен гест. Сите пари од овој десерт одат за добротворни цели.



"Сеуште чекаме некој да дојде и да го доживее задоволството од тоа слатко блаженство", рекол еден од слаткарите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...