Thursday, 23 September 2010 15:05 Занимливости

Фејсбук стана главното средство за комуникација. Но и покрај безбедносните протоколи, постојат бројни опасности. Ако и вие сте еден од оние кои на својот профил имаат 130 пријатели, морате да бидете свесни дека спаѓате во ризичната група...

Еве 5 работи кои не смеете да ги откривате:

Моментално во светот постоја повеќе од 500 милиони активни профили на Фејсбук. 250 милиони луѓе се најавуваат барем еднаш дневно, а секој корисник има 130 пријатели.

Но позади имињата и презимињата кои сте ги прифатиле не се кријат секогаш личности кои вам ви се претставуваат. За да ги избегнете бројните опасности придржувајте се до овие 5 правила.

1. Домашна адреса

Овој податок навистина не треба да биде на располагање. Повеќето корисници за пријатели ги одбираат луѓето кои не ги познаваат.

Никогаш не знаете кој се крие зад името и презимето на згоден дечко или симпатична девојка. Освен бројните проблеми, постои и опасност од кражба.

2. Планови за годишен одмор

Планирате да одите на кратко или долго патување, обидете се да го прескокнете овој дел од вашиот профил, а посебно ако сами живеете или групно го напуштате домот.

Таквата информација ќе ве претвори во лесна мета за крадецот, кој едвај чека ваква шанса.

3. Исповедување

Имате ли проблем со претпоставените, подобро тоа задржете го за себе или причекајте го кафето лице во лице.

Се покажало дека бројни работодавци сакаат да "копаат" низ профилите на вработените, па таквиот ваш потег би можело да ве чини работно место. Истото важи и за ситните женски трачеви или пак неверства, кои лесно можат да излезат во јавноста.



4. Податоците кои можат да ја откријат вашата лозинка

Кога отварате профил на Фејсбук или на некоја друга социјална мрежа, администраторот од вас бара некои тајни податоци кои ќе ви бидат корисни во случај да ја заборавите лозинката.

Прашањата како моминското презиме на вашата мајка, имињата на омилените песни или вашето прво домашно милениче, задржете ги за себе.

5. Нелегална ситуација

Секој од нас барем еднаш се нашол во нелегална ситуација.

Без разлика дали станува збор за возење автомобил во пијана состојба или нешто друго, немојте премногу да се фалите, бидејќи не знаете кој ве гледа, а ваква објава може скапо да ве чини.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...