ТОП ВИДЕО |
Saturday, 18 September 2010 16:44
Занимливости
Германскиот портал Meedia ги рангираше најскапите рекламни спотови, снимени во историјата на индустријата...
Листата ја предводи рекламниот спот на Chanel No.5 со учество на Никол Кидман во 2004 година. Видеото го сними режисерот Баз Лухрман и на компанијата ја чинеше 20 милиони долари, а хонорарот на актерката бил 3.71 милиони американски долари.
Второто место го освои рекламниот спот на британската осигурителна компанија Norwich Union, која си го промени името во Aviva. За видеото се поканети Брус Вилис, моделот Ел Макферсон и музичарот Алис Купер. Клипот на компанијата Aviva ја чинел 13.2 милиони долари.
Третото место е малку необично, клипот и рекламните анимации "Monsters vs Aliens" влегуваат во најскапите, само затоа што е во 3D формат. За да може да биде изгледан, компанијата Pixar изработува 150 милиони очила, а целиот експеримент излегува 10 милиони америкнаски долари.
Четврти е клипот за HONDA со порака "Не ли е убаво кога работите едноставно работат", кои чини 6.2 милиони американски долари.
Рекламата на PEPSI со учество на Бритни е на петото место, а цената на видеото е 5.4 милиони американски долари.
Шести е клипот на Guinness со порака "Убавите работи доаѓаат кај оние што ги очекуваат".
Рекламата на Shell и Ferrari во која црвениот спортски автомобил ги обиколува светските занаменитости, чинеше 3.9 милиони американски долари, што го завзеде седмото место.
Филмот од рекламната кампања, приказна за учењето на пророкот Мухамед, чинеше 2.5 милиони американски долари и се наоѓа на осмото место.
Деветти е клипот House Party од Adidas, со учество на Дејвид Бекам кој чинел 2.1 милиони долари.
Последното десетто место го зеде рекламата 'It's a big ad!' на пивото Carlton. Цената на рекламиниот клип изнесувала 1.9 милиони американски долари.
|
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















