Monday, 23 February 2009 00:09 Занимливости
Од слики кои го красат неговиот дом, до историски артефакти...

 

Од Picasso-вите слики кои ги красат ѕидовите од неговиот дом, до историски артефакти и бројни скулптури, кои биле инспирација за најголемиот моден дизајнер на 20-от век Yves Saint Laurent, вчера биле изложени пред да почне аукцијата. Изложбата се состои од колекција од 733 парчиња и е наречена „Аукција на Векот“. Колекцијата ќе биде дисперзирана во три дена. Колекцијата содржи слика на Piet Mondrain од 1922 година „Композиција во сино, црвено, жолто и црно“ која го инспирирала модниот дизајнер Yves да го дизајнира познатиот дневен фустан во 1965 година. Колекцијата содржи и дрвена скулптура изработена од Constantin Brancusi која се очекува да се продаде за околу 25 милиони долари. Во колекцијата спаѓаат и пар бронзени животински глави кои се метале за исчезнати од палатата во Пекинг во 1860 година, и сега Кина сака да се отстранат од аукцијата и да се вратат во Кина. Се очекува сликата на познатиот шпански сликар Picasso изработена во 1914-1915 година „Музички инструменти“, да ги примами купувачите и да донесе најголем приход, затоа што ова е последната слика од тој период во поголем формат и сеуште е во приватна сопственост. Се очекува сликата да се продаде за околу 38 милиони долари. Аукцијата би требало да донесе приход од 200 до 300 милиони евра од кои добар дел ќе бидат наменети за истражувања во полето на смртоносната болест која секој ден зема се поголем замав, СИДА-та. Големиот моден дизајнер Yves Saint Laurent почина минатата година во Јуни после едногодишната тешка битка со рак на мозокот. „Иако 30 година сум во овој бизнис со аукции, никогаш немам видено нешто вакво. Премногу е гламурозно и луксузно. Навистина живеел необичен живот“-изјави Jonathan Rendell, директор на една агенција за аукции. Yves Saint Laurent и неговиот партнер Pierre Berge започнале да собираат уметничко богатство во 50-те години кога модниот дизајнер бил катапултиран во славата во модната куќа во Париз на Cristian Dior. Нивното богатство растело со лансирањето на сопствената линија на Yves Saint Laurent. Тие продолжиле со колекционирање, работејќи на големо со приватни дилери и купувајќи го тоа што ќе им се закачи за окото. Berge изјавил дека тој самиот донел одлука да ја продаде колекцијата по смртта на Yves Saint Laurent затоа што без него губела голем дел од нејзината значајност.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...