Friday, 13 August 2010 09:26 Занимливости

Во последните стотина години бројот на левичари речиси четирикратно се помножил - околу 12% од населението денес пишува со лева рака...

Левичарите, некогаш озборуваните како невешти, денес имаат свој ден, тоа е 13-ти август. Многу познати личности пишувале и сите други работи ги вршеле со левата рака - Леонардо Да Винчи, Бетовн, Бах, Чарли Чаплин, Пол Макартни, Цезар, Александар Македонски, Наполеон, Ајнштајн...

Значи, левичарите не се ниту глупави ниту невешти, тие само мораат да се прилагодат на светот на "десничарите". Како настанала разликата во корист на десничарите, се прашуваат научниците.

Дури и меѓу животните има разлика во користењето на рацете и нозете. Папагалите, на пример, околу 60% кога јадат ја користат десната нога, а 40% левата. Слично на тоа е откриено во однесувањето на глувците и кокошките.

Експертите утврдиле дека левичарите - мажи сочинуваат осум проценти, а жените околу шест проценти од од англосаксонските области, јапонци - левичари има нешто повеќе од 4% и малку повеќе од 2% јапонки, а само 1.5% од кинезите пишуваат и јадат со лева рака.

На прашањето зошто тоа е така, односно, зошто луѓето пишуваат со лева рака, научниците немаат конкретен одговор.



Експертите сметаат дека луѓето било десничари или левичари, се одредуваат уште во пренаталниот период, бидејќи семејствата кои имаат најмалку еден родител кој пишува со лева рака, има 10-12 пати поголеми шанси да имаат деца - левичари.

Децата многу рано покажуваат дали ја користат левата или десната рака. Обратете внимание на тоа со која рака црта вашето дете, со која рака ја држи четкичката за заби, со која рака се чешла итн.

Ако детето во девет од десет такви слични ситуации ја користи левата рака, може да се претпостави дека е левичар.

Има деца кои рамномерно ги користат и двете раце. Доколку е потребно, вистинското тестирање може да го објави специјалист. Водечката рака за да се одреди природно, треба да поминат 4-5 години.

Познато е дека нашиот мозок има две половини. Ако е поразвиена левата половина од мозокот, личноста е десничар, ако е развиена десната, тој е левичар.

Експертите ги советуваат возрасните да не ги тераат децата - левичари да пишуваат со десната рака, бидејќи тоа може сериозно да го загрози здравјето на децата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...