Thursday, 05 August 2010 15:48 Занимливости

Патувањата се едни од најголемите наши страсти и точно поради тоа ги гледаме од најразлични агли...

Некои места се толу примамвливи, што веднаш ги класифициравме како најсекси дестинации.

The Four Seasons Resort Maldives Landaa Giraavaru, Малдиви

Република Малдиви вклучува речиси 1200 корални острови, распоредени југозападно од Шри Ланка. 



Самиот туристички комплекс е изграден на лагуна и нуди неверојатна можност за одмор.



Се состои од 59 вили од трски на плажа и од 38 куќички од слама (доста се уочливи, да не бидете во заблуда). Тие имаат сопствени базени и градини на градбите и во континуиран опсег се прелеваат во надворешната средина. 



Повеќето вили се опремени со лежалки, клими и традиционални лулки, така што можете да изберете дали да спиете внатре на клима или директно под ѕвездите. 



Комплексот располага со 3 големи базени, фитнес, јога, тениски и прекрасен спа центар.



Неколкуте ресторани нудат исклучително различни мениа - јапонска, италијанска, мароканска, либанска, како и органска храна.



Секој ресторан нуди уникатно искуство не само поради храната, туку и поради глетката - додека уживате кон лагуната, на плажата, кон океанот.



Во слободното време може да нуркате наоколу (се разбира доколку не е сезона на ајкули) или пак да се прошетате помеѓу островите со јахтата на хотелот, која дава можност и за големи забави преку текот на целиот ден.



За децата пак има образовен центар, кој дава информации за флората и фауната на Малдивите, како и мини аквариум со некои од најинтересните животни, кои се среќаваат таму. 



За кога е наменет: за парови кои сакаат да го поминат својот меден месец, за долгогодишните партнерти кои исто така би се чувствувале добро, како и за голема група на пријатели кои сакаат да се забавуваат како на суво, така и на отворено море.



Само семејствата со деца се ограничени - тука не им е дозволено доаѓање на деца под 11 годишна возраст. Факторот на мирот е висок. Целиот комплекс е замислен така што гостите можат да бидат целосно изолирани и да не бидат вознемирувани.



Доколку луѓето сакаат, можат да ја изолираат целосно градината, базенот или, напротив, да ги отворат за другите.



Забавите се организираат крај базените или на плажата, но во никој случај тоа не го нарушува мирот на посетителите. Јахтата на хотелот може секогаш да се користи за една навистина луда ноќ со пријателите. 



За вљубените двојки, пак, има толку многу можности за романтични и секси доживувања, што можно е и да не пробат се.



На плажата има интимна скара, само за двајца со две рачно составени дрвени маси.



Вечера на кејот? Нема проблем, тоа може да се одржи над самиот океан.



Таму може да ви одржат и пикник, меѓутоа Робинзон Крусо - претставник на хотелот ќе ве придружува до некое од местата на островот да не исчезнете. Цената на вила на плажа започнува од 1200 долари со вклучен доручек, но има и доста поповолни пакет услуги за помалку од 1000 долари на вечер.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...