Изнајмување на луксузен стан во Њујорк со сигурност е многу поскап отколку во сиромашна држава...
Mercer Consulting се интересираше во кои градови во светот луксузот излегува најевтин.

Оние кои живеат во Карачи, Пакистан, трошат најмалку во споредба со оние кои живеат во популарните градови како Њујорк, Париз, Мајами и т.н.
Се разбира, животот во Карачи не е розов, меѓу проблемите на градот се сиромаштијата, криминалот и политичката нестабилност. Сепак, ако сте богати луксузниот живот таму ќе ви излезе доста ефтино. Инаку, обичните пакистанци живеат со околу 1 100 долари годишно.
Во истражувањето на Mercer Consulting влегоа 214 градови од светот. Градовите беа споредувани по цените на 200 производи и услуги, вклучувајќи го и изнајмувањето на живеалиште, транспорт, храна, облека и забава.
Сите градови во топ 20 се наоѓаат во земји во развој, со исклучок на американскиот Винстон Салем.
Во топ 20 влегуваат балканските градови Тирана на 15то место, нашето Скопје на 18то место и Сараево на 19.
Погледнете ја првата десетка:
1. Карачи, Пакистан
Наем за луксузен двособен стан: 353 долари
Кафе во ресторан: 2.24 долари
Бизнис вечера по лице: 43 долари
Литар бензин: 1.03 долари
2. Манагва, Никарагва
Наем за луксузен двособен стан: 800 долари
Кафе во ресторан: 1.82 долари
Бизнис вечера по лице: 44 долари
Литар бензин: 0.81 долари
Билет за концерт (меѓународни изведувачи): 53 долари
3. Исламабад, Пакистан
Наем за луксузен двособен стан: 800 долари
Кафе во ресторан: 2.39 долари
Бизнис вечера по лице: 41 долари
Литар бензин: 1.02 долари
4. Ла Паз, Боливија
Наем за луксузен двособен стан: 650 долари
Кафе во ресторан: 2.42 долари
Бизнис вечера по лице: 32 долари
Литар бензин: 0.68 долари
Билет за концерт (меѓународни изведувачи): 47 долари
5. Ашгабат, Туркменистан
Наем за луксузен двособен стан: 300 долари
Кафе во ресторан: 4.56 долари
Бизнис вечера по лице: 79 долари
Литар бензин: 0.22 долари
Туркменистан ги има најголемите резерви на природен гас во светот.
6. Бишкек, Киргизтан
Наем за луксузен двособен стан: 700 долари
Кафе во ресторан: 5.38 долари
Бизнис вечера по лице: 90 долари
Литар бензин: 0.65 долари
7. Адис Абеба, Етиопија
Наем за луксузен двособен стан: нема податоци
Кафе во ресторан: 2.38 долари
Бизнис вечера по лице: 63 долари
Литар бензин: 0.94 долари
Адис Абеба е еден од најголемите градови во Африка. Тука се базирани Ethiopian Airlines и организации како African Union, UN Economic Commission on Africa. И покрај тоа сиромаштијата е голем проблем на градот, кој беше во дното на листата на градови со подобар живот на Mercer Consulting.
8. Калкута или Колката, Индија
Наем за луксузен двособен стан: 647 долари
Кафе во ресторан: 2.91 долари
Бизнис вечера по лице: 69 долари
Литар бензин: 1.01 долари
Иако тука се базирани некои од големите компании како United Bank of India и ITC, градот е помеѓу последните на листата на Светската банка за услови за бизнис.
9. Тегусигалпа, Хондурас
Наем за луксузен двособен стан: 529 долари
Кафе во ресторан: 1.64 долари
Бизнис вечера по лице: 40 долари
Литар бензин: 0.96 долари
Билет за концерт (меѓународни изведувачи): 106 долари
Главниот град на Хондурас игра важна улога во економијата на државата, која се потпира главно на извоз на облека, банани и кафе. Хондурас е втората најсиромашна држава во Средна Америка, по Никарагва.
10. Виндхоек, Намибија
Наем за луксузен двособен стан: 521 долари
Кафе во ресторан: 1.73 долари
Бизнис вечера по лице: 48 долари
Литар бензин: 1 долар
Билет за концерт (меѓународни изведувачи): 39 долари
Од број 11 до 20 се наредија Асунсион (Парагвај), Габороне (Боцвана), Ташкент (Узбекистан), Сан Салвадор (Ел Салвадор), Тирана (Албанија), Тунис (Тунис), Винстон Салем (Северна Каролина САД), Скопје (Македонија), Сараево (Босна и Херцеговина), Мадрас (Индија).