Wednesday, 09 June 2010 18:54 Занимливости

Британски колеџ ќе ги обучува тинејџерките да одат на високи потпетици во рамките на курс кој е финансиран од државата.

Шестмесечниот курс наречен "Секси потпетици во градот", за 16-годишните ученички од South Thames College во јужен Лондон има за цел да ги подготви младите дами за "бизнис светот и социјалниот живот".

Курсот ќе го води Chyna Whyne, поранешна бек вокалистка, која тврди дека животот и бил мизерен, бидејќи не ја научуле како да оди со високи потпетици како мала.

"Во определен момент девојчињата од 15 години па нагоре ќе почнат да посакуваат обувки со високи потпетици. Така да, ако тоа се случи, колку порано младите дами ќе научат да одат на високи потпетици, толку подобро ќе биде за нив на долгорочен план,  во нивниот бизнис и социјален живот."

"Бројот на жените со повреди предизвикани од чевлите и со проблеми на стапалата е неверојатно висок" изјавила таа.



Бизнис дамата Annette Lees сепак ја критикуваше програмата.

"Јас носам високи потпетици и би сакала некој да ме научи како да одам со нив. Но, ако ме вратиш во колеџот, можам да се сетам за околу 5000 работи што ќе ми се од поголема корист во работата од тоа", рекла убедливо таа.

Ученичката Celina Mystery (16 г.), која го постува курсот, тврди, дека тоа и ја зајакнала довербата кога оди на високи потпетици.

"Откако го започнав курсот, се чувствувам поуверено со високите чевли. Веќе не чувствувам болка, кога излегувам навечер, бидејќи знам какви вежби да правам пред тоа. Среќна сум затоа што се запишав на курсот и сега мирно можам да се шетам со високи потпетици" сподели таа.

Портпаролката на колеџот рече дека курсот има за цел да ги научи девојчињата "како да одат на високи потпетици, да го подобрат нивниот став, да одат полесно и да ја зајакнат својата самодоверба".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...