Tuesday, 25 May 2010 13:02 Занимливости

Млад си, полн со снага, живот, оптимизам...но се чувствуваш осамено...?

Не си единствениот, британското истражување кое опфатило 2.256 луѓе покажало дека младите денес се чувствуваат осамени од постарите личности. Истражување на фондацијата за ментално здравје, кои го спроведоа истражувањето, покажа дека осаменоста е чувство помеѓу помладата популација кое е последица од големите промени во модерниот стил на живеење и однесување, според сајтот на БиБиСи.

Секој десетти Британец се чувствува осамен, а генерално покажуваат тенденција на се помалку дружење и се поголема посветеност кон работата, покажало истражувањето. Речиси 60% од испитаниците стари помеѓу 18 и 34 години рекле дека повремено се чувствуваат осамено, додека кај лицата на возраст од 55 години, процентот е 35%.


Младите луѓе признаваат дека разговорот со луѓето на друштвените мрежи не е исто како и вистинското дружење и дека тие сајтови ги најмногу користат кога се сами во својата соба. Речиси една третина од младите Британци рекле дека поминуваат многу време во комуникацијата со пријателите и роднините преку Интернет.

Досега не е јасно дали ова однесување може да предизвика биолошки ефекти, потсетувајќи дека физичката присутност е неопходна за лачење на хормонот окситоцин, познат како "хормон на нежност" кој ги промовира социјалните контакти и одржувањето на здраво срце. Истражувањето исто така покажало дека жените се повеќе осамени од мажите и почесто паѓаат во депресија.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...