Tuesday, 25 May 2010 07:03 Занимливости

Парите не можат да купат среќа, но многу Американци сметаат дека помагаат.


Иако една третина од сите кои учествувале во истражувањето на Институтот Харис се определиле како многу среќни, среќни помеѓу луѓето со годишен доход од 35 000 долари се чувствуваат 28%, а кај оние кои заработуваат 75 000 долари и повеќе годишно среќни се 38%.

"Парите навистина имаат некакво значење", рекла директоротката на Институтот Харис, Реџина Корсо.

"Разликата не е многу голема, но со оглед на тоа дека 82% од луѓето со ниски примања не се многу среќни, мислам дека тоа зборува многу", додала таа.

Истражувањето покажало, исто така дека, омажените жени се позадоволни од неомажените жени и од мажите. Бројот на среќни Американци е помал во споредба со претходните години.



"Само една третина од Американците оваа година велат дека се многу среќни. Ова е лесен пад во однос на минатата година, кога тоа го рекле 35% од анкетираните", истакнала Корсо.

Резултатите во Институтот Харис, се добиени при интернет анкета помеѓу 2755 луѓе, кои требало да одговорат на прашања за односите со семејството и пријателите, работата, времето за хоби, здравјето, финансиската состојба, нивните духовни верувања и нивното влијание врз различни прашања.

"Една од работите во кои е регистриран најголем пад во споредба со минатата година, е тоа што луѓето не веруваат дека нивниот глас се слуша при донесувањето одлуки од национална важност", додала Корсо.

"Крај нив се случуваат работи, на кои тие немаат контрола", вели таа.

Едно од најпозитивните работи во студијата се односите со семејството и пријателите. Околу две третини од Американците сметаат дека овие врски се силни и се извор на среќа.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...