Friday, 16 April 2010 18:39 Занимливости

Не само забавни списанија како Rolling Stone и Vanity Fair, но и сериозни изданија, како The Economist, понекогаш нудат храбри фотографии.

The Economist, септември, 1994



Сериозното списание ја објави оваа корица со написот "Проблемот со спојувањето" само во Северна Америка. Реакциите беа различни, некои читатели беа изненадени, други развеселени.

Hustler, јуни 1978



Списанието за возрасни Huslter често беше обвинувано за тоа дека ги третираат жените како парче месо. Тие одлучија да се извинат со оваа корица.

Џон Ленон и Јоко Оно, Rolling Stone, јануари 1981



Фотографијата е дело на Ани Лејбовиц и е направена само неколку часа пред Ленон да биде убиен на 8 декември 1980 година.

Таа всушност сакала да го фотографира само Ленон, но тој настојувал и жена му да биде на фотографијата. Оваа корица е прогласена за најпопуларна корица на списание во светот од Американка асоцијација на издавачите.

Деми Мур, Vanity Fair, август 1991



Уште една фотографија од Ани Лејбовиц. Во 1991 гола и бремена во седмиот месец Деми Мур беше една од најактуелните теми за дискусија во светот. Таа беше првата, која си дозволи, но по неа многу од славните се фотографираат бремени.

Life, ноември 1965



Во 1965 фотографот Пол Шуцер успеал да го фотографира лицето на  виетнамски пленник. Слични фотографии беа една од причините за јавноста во САД да се сврти против војната. Фотографот Шуцер беше убиен две години подоцна.

Бет Дито, NME, јуни 2007



Феминистките беа воодушевени. Тие го поздравија музичкото списание за храброста, што ја ставиле оваа фотографија на пејачката Бет Дито, која е "најубавата жена на планетата" според нив.

Џенет Џексон, Rolling Stone, септември 1993



Во 1993 овој кадар беше исклучително храбар, а некои го прогласија за порнографски. Тоа е една од најпознатите фотографии на 90-те години.

Time, септември 2001



Специјалното издание излегува на 14 септември 2001.

The New Yorker, јули 2008



Нема како да не е скандалозна насловната, кога на неа е прикажан претседателскиот кандидат на демократите облечен како Арап и неговата сопруга облечена како војник со АК47 на рамото. Дали забележувате дека американското знаме гори во огнот ?

Eliot Spitzer, New York Magazine



Списанието New York Magazine не е познато со скандалите. Откако ја открија историјата на гувернерот Eliot Spitzer, кој беше поврзан со мрежа за проституција, списанието си дозволи да ја премине границата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...