Човечкиот мозок е сложена, непозната и креативна материја, со која се занимаваат биолози, невролози, психолози, хемичари...
И сеуште не ја одгатнале. Затоа ви нудиме 10 љубопитни факти за човечкиот мозок:
10. Зошто телефонските броеви се состојат од 6-7 бројки?
Докажано е дена нашата кратка меморија може да "запомин" до седум објекти истовремено. Затоа (освен го кодот) повеќето телефони во светот имаат шест-седум бројки. Ако сакате да се сеќавате на повеќе од седум објекти, треба да ги обедини во седум групи.
9. Мозокот ја гледа најдобро жолто-зелената боја
Нашите очи имаат рецептори за три бои: синa, зеленa и црвенa, а од нив следат сите други. Но, мозокот нема такви рецептори. Тој добива информации за светло и темно и за разликата помеѓу боите.
8. Течностите влијаат на работата на мозокот
75% од организмот се состои од вода. Затоа и при некои диети луѓето забележуваат дека меморијата им се влошува и нивната способност да размислуваат се намалува.

7. Зошто се плашиме од сенките?
Човечкиот мозок е склонет да ја гледа сенката како физичко продолжение на телото. Тоа е затоа што мозокот ја одредува положбата на телата во просторот не само според аглите и краевите, туку и според сенките. Затоа искривена сенка може да даде сосема погрешна претстава за она што го гледаме.
6. Крстозборот чува од Алцхајмерова болест
Активната интелектуална работа и новите предизвици за мозокот го тераат да изработува нови клетки, кои го заменуваат стареењето. Затоа научниците ги советуваат луѓето да решаваат крстозбори или едноставно да ја тренираат меморијата, читајќи и запомнувајќи поезија.
5. Молитвата не е случајна
Молитви постојат во сите религии и неслучајно се нарекуваат "храна за душата". Затоа што во процесот на молитва и медитација во мозокот се создаваат делта-бранови, какви што обично се утврдуваат во моменти на задоволство. Затоа нија ја "отклучуваме" таа реалност, која влијае благотворно на умот и телото.
4. Не плашете се од ментален труд
Умствената работа не го уморува мозокот, како физичката работа на телото. Причината е тоа што во мозокот не се одделуваат таканаречени отрови на заморот.

3. Другиот во нас знае повеќе
Нашата подсвест е посилна од нас. Тестовите покажуваат дека првиот впечаток и првата информација што ја добиваме е точна. Кога разумно ќе почнеме да ја анализираме информацијата, најчесто грешиме.
2. Мозокот се буди потешко од телото
Тоа дека сте станале, не значи дека сте будни, зашто мозокот се буди побавно од телото. Ако сакате да го разбудите, правете го тоа што луѓето го прават со генерации - прочитајте утрински весник.
1. Мозокот разбира полесно што велат мажите отколку што велат жените
Женските гласови се помузички и звучат на повисока фреквенција. Затоа мозокот има потреба од дополнителни ресурси за дешифрирање на содржината на гласовниот код. Дури и луѓето кои страдаат од звучни халуцинации, слушаат значително почесто машки гласови.