Monday, 08 March 2010 15:08 Занимливости

Смеса од градежништво, уметност и иновативност...

Погледнете ги најфутуристичните згради во светот. Изборот е на машкото списание Askmen:

1. Зградата на телевизијата CCTV во Пекинг



Дизајнот е толку иновативен што некои експерти велат дека ваква зграда воопшто не би можела да биде изградена. Претставува неправилна форма, која се издига на височина од 238 метри.

2. Музејот M.H. de Young Memorial Museum во Сан Франциско



Изграден е во паркот Golden Gate во Сан Франциско, на местото на музеј, разрушен во земјотресот во 1989 година. Основата на зградата е положена во свеса, чија основа е гума. Така, според архитектите, зградата е отпорна на земјотреси и може да се "лула" но нема да падне.

3. Националниот аква центар во Пекинг


За олимпијадата во Пекинг во 2008 беа изградени многу иновативни згради. Една од нив е Аква центарот, кој изгледа како да е покриен со балони. Револуционерната обвивка на зграда е нов модел на тефлонов материјал наречен ETFE. Обвивката се менува на различна светлина и создава неверојатни визуелни ефекти. Таа, исто така, складира сончева светлина како енергија. Околу 90% од сончевата енергија се складира за греење на базените.

4. 30 St Mary Axe во Лондон



Изграден е во 2004 година и главната цел на архитектите била ефикасноста. Дупките во подови на секој кат служат како шахти, кои создаваат вентилација, а надворешната форма го минимизира ефектот на ветрот, кој е карактеристичен за облакодерите.

5. Седиштето на Caltrans во Лос Анџелес



Зградата има канцеларии, надворешни и внатрешни лоби, амфитеатар и четири нивоа на подземен паркинг. Покриена е со алуминиумски панели кои можат да се затвора и отвора во зависност од времето. На фасадата има соларни панели, кои обезбедуваат 5% од струјата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...