ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 24 February 2010 15:13
Занимливости
Пушачите имаат помал коефициент на интелигенција од непушачите, а колку повеќе некој пуши, толку IQ-то му е пониско... Д-р Марк Вејзер и неговите колеги од израелскиот медицински центар Шева, откриле дека младите кои пушат една кутија цигари на ден имаат во просек за 7.5 бодови помал IQ од непушачите. Резултатите од нивното истражување се објавени во американското медицинско списание Addiction. За подобро да ја разбереме поврзаноста на пушењето и коефициентот на интелигенција, научниците тестирале 20 илјади израелски регрути. Во групата имало луѓе со ментални заболувања, на кои служењето во израелската армија не е дозволено.
Учесници биле 68% непушачи, 28% пушачи и 4% поранешни пушачи. Било заклучено дека пушачите се со значително помал коефициент на интелигенција отколку непушачите, дури и кога од испитувањето се исклучени социо-економските фактори и образованието. Просечниот коефициент на интелигенција е 101 кај непушачите, кај пушачите 94. Коефициентот полека паѓа со износот на испушени цигари, па така оние кои пушат до 5 цигари на ден имале 98, а 90 оние кои пушеле по една кутија и повеќе. Во истражувањето учествувале и 70 пара на браќа од кои едниот бил пушач, а другиот не. Така во тимот е утврдено дека братот непушач има поголем коефициент на интелигенција од пушачот. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















