Saturday, 09 January 2010 21:50 Занимливости

Неандерталците се шминкале уште пред 50.000 години...

Научниците тврдат дека го имаат првиот доказ дека Неандерталците пред 50.000 години врз себе нанесувале боја. Тимот од научници предводен од Joao Zilhao од Велика Британија, тврди дека во Јужна Шпанија се пронајдени стапчиња со бои за кои се верува дека Неандерталците ги нанесувале на себе. Тимот на научници изјавил дека она што го пронашле било закопано и остава впечаток дека Неандерталците биле досетливи и способни да размислуваат симболично. Професорот Zilhao изјавил дека тој и неговиот тим ги испитале стапчињата кои биле користени за мешање и потхранување на боите.



Црните стапчиња кои се добивале од манго и можеле да бидат користени како боја за тело, претходно веќе биле откриени во Африка. „Ова всушност е цврст доказ за нивната употреба во козметиката. Но, користењето на комплексни рецепти е ново. Тоа е повеќе од body-painting“ - изјавил Zilhao. Научниците пронашле жолт пигмент за кој мислат дека веројатно бил користен како основа, а пронајдена е и црвена пудра. Досега, многу истражувачи мислеле дека само луѓето од модерното време носеле шминка и накит како декорација за некои ритуали.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...