Saturday, 16 November 2013 15:52 Занимливости

Одлична вест за оние што одат во црква за исповедање на нивните гревови...



Свештеникот Џозеф Џан (52) има и втора професија како таксист, а исповедањето од црква го преместил во такси возило во Њујорк.

Таксистот и свештеник од Евангелистичката црква ги гледа возилата како "црква на тркала".

„Тоа ми овозможува да сретнам многу луѓе и да им обезбедам на некој начин да се чувствуваат како на свештеничка служба“, рекол Џан.

На радиото во неговото такси се слуша христијански хип-хоп, а понекогаш им кажува на патниците дека е свештеник. Обично, кога ќе дознаат дека е „Син Божји“, луѓето почнуваат да се „отвараат“.

Некој клиент му пријдел и почнал да зборува за музиката што се слушала од автомобилот. На Џан му се испуштило ненамерно да каже дека е свештеник, поради што човекот автоматски го променил неговиот однос и рекол дека сака да каже нешто што на никој досега не му го кажал.

„Изјави дека се чувствува виновен, бидејќи никому не ја кажал вистината за неговата сексуалност. Му кажав неколку зборови за утеха, дека сите криеме по неколку работи. И се разбира, дека мора да излезе "надвор од плакарот", на еден или друг начин. Му се позна од лицето кога се ослободи“, раскажува таксистот за исповедта на клиентот.

Џан делува како човек со отворени сфаќања и смета дека не мора да се оди во црква за да се биде религиозен. Ги сфаќа и двете работни места многу сериозно и се обидува да им помогне на луѓето околу него, на кои им нуди совети, храна и засолниште кога е во црквата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...