Wednesday, 13 November 2013 13:31 Занимливости

Од 22 арапски земји во светот, жените најлошо живеат во Египет, а најдобро во Коморските Острови...



Тоа го покажале резултатите од годишната анкета на експертите за родови прашања.

Истражувањето спроведено од Фондацијата Томсон Ројтерс, покажува дека состојбата со правата на жените е на најниско ниво во Египет, поради големиот број на случаи на сексуално вознемирување, дискриминаторски закони, трговија со жени, принудно влегување во брак, висока стапка на обрежување на жените и зајакнување на конзервативните исламистички групи.

Втората најлоша земја за жените е Ирак, за каде се наведува дека жените живеат полошо отколку за време на режимот на Садам Хусеин. Веднаш по неа следува Саудиска Арабија, Сирија и Јемен, пишува BBC.

Од друга страна, во арапскиот свет жените живеат најубаво на Коморските Острови, од кои 20% ги држат министерските функции, а во првите пет спаѓаат и Оман, Кувајт, Јордан и Катар.

Експертите во рамките на истражувањето земале во предвид фактори како што се насилството врз жените, правото на раѓање, однесувањето кон жените во рамките на семејството и улогата на жените во политиката и економијата.

Во рамките на истражувањето се испитани 330 експерти во 21 земја, кои се членки на Арапската лига и во Сирија, а ова е трето годишно истражување за правата на жените од почетокот на "Арапската пролет" во 2011 година.

Според извештајот на Обединетите нации од април, 99,3% од жените и девојчињата во Египет се жртви на сексуално вознемирување.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...