Friday, 08 November 2013 18:16 Занимливости

Замислете го светот со џиновски змии долги колку автобус, толку големи што би се заглавиле на вратата кога влегуваат во куќа...



Желки големи колку мал автомобил кои ќе ловат крокодили, а коњи со големина на мачка. Вака изгледала Земјата пред околу 55 милиони години, според американските истражувачи кои ја испитувале поврзаноста помеѓу големината на животните, влекачите и климатските промени. Тие предупредуваат дека големите влекачи и ретките цицачи може наскоро да се појават на нашата планета, поради глобалното затоплување.

Џонатан Блох, патентолог од природно-историскиот музеј од Флорида, минатата недела рекол дека постои јасна поврзаност помеѓу глобалното затоплување и необичните животински фосили.

Минатата година помагал во истражување за 60 милиони години старите јужно-американски гигантски желки, кои живееле на просторите на денешна Камбоџа. Доказ за нејзината големина е вилицата, која била толку моќна што јадела се што ќе и се најде пред пат, вклучувајќи ги и помалите желки или дури и крокодили.



Огромните суштества се појавиле после 5 милиони години откако исчезнале диносаурусите, во времето кога постоеле гигантски верзии на влекачи. Змијата Титанобоа од тоа време била поголема од еден автобус, потешка од автомобили и можела да проголта животно со големина на крава.

„Змијата што се обиде да ја убие жената во филмот "Анаконда" не била толку голема колку онаа што ја пронајдовме“, рекол доктор Блох.

Научниците веруваат дека заеднички фактори што ќе им овозможат на овие огромни животни да преживеат, се: промени во екосистемот, голема област за живеење, големи количини на храна и климатски промени.

Во исто време додека желките и змиите ќе растат, цицачите ќе се намалуваат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...