Thursday, 07 November 2013 10:24 Занимливости

Животот е сличен на вртоглаво рели со подеми, падови и неочекувани пресврти. Но во својот животен пат на секој еден човек има неколку моменти кои остануваат засекогаш важни за него. Од нив тој црпи доверба во себе и наоѓа смисла да продолжи да живее...

1.Моментот кога сте се научиле да возите велосипед
Порано или подоцна секој човек треба да испита тоа незаборавно доживување. Никогаш нема да го заборавите чувството за гордост оод себе, кога за прв пат сте поминале сами со велосипед околу 5 метри. Луѓето не забораваат како се седале на нов велосипед, како косата им се вее на ветрот и дека направиле нешто ужасно важно - така барем им се чини на сите деца.

2.Матурска вечер
Мтурската е еден од најпознатите бесценети моменти за секој човек. Овој ден го означува почетокот на еден нов живот, нова кариера и многу нови интересни можности. Ова е точката од која почнуваме да ги одбројуваме годините како возрасни. На овој ден на секој му се случува нешто што сведочи за настанатата зрелост.

3.Првата љубов
Несомнено искуството што го добиваме од првата љубов, споделена или не, има огромно значење. Сите ги чуваме во нашите срца спомените за тоа трепетно ​​чувство со пеперутки во стомакот и првите немири.

4.Првиот бакнеж
Велат дека првиот бакнеж никогаш не се заборава. Постојат луѓе кои бакнале првпат друг човек под влијание на алкохол или опијати и немале можност да го запомнат овој настан. Но за среќа има и многу луѓе, кои се сеќаваат на детали од својот прв, возбудлив и романтичен бакнеж. И тоа е прекрасно.

5.Свадбата
Бракот е сериозен чекор, доказ за посветеноста, довербата и љубовта на двајца луѓе. Се разбира самиот процес на подготовка може да му ги "искине" нервите дури и на најзбалансираниот човек. Но сите проблеми ќе бидат заборавени како лош сон и ќе останат само пријатните сеќавања за моментот во кој двајцата се заколнале во љубов еден на друг. Во радост и тага, во богатство и сиромаштија - додека смртта не ве раздели.

6.Првата плата
Кога ги држите во раце првите заработени со сопствен труд пари, чувствувате нов начин својата значајност, својот потенцијал. Дури и ако сумата не е особено импресивна, вие сеуште ќе знаете дека можете да постигнете и повеќе. Ова донекаде детско радосно чувство засекогаш останува во меморијата.

7.За прв пат го држите вашето бебе
Моментот кога за првпат ќе го земате во прегратка своето бебе е нешто необјасниво, мешавина од страв, радост и гордост. Емоциите се едноставно неискажливи. Разбирате дека отсега од вас зависи не само вашиот живот, но и животот на оваа мало чудо испратено од небото. Навистина прекрасен момент!

8.Првите достигнувања на вашето дете
Првиот пат кога детето ви кажува "мама" или "тато", првата насмевка на бебето, неговите први чекори, неговиот прв роденден... Листата може да продолжи до бескрај. Сепак сите значајни моменти во животот на детето автоматски стануваат значајни и за неговите родители.


Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...