Thursday, 07 November 2013 09:58 Занимливости

Архипелагот Фернандо де Норонја е во топ 10 на најубавите и егзотични плажи во Јужна Америка. Островите се сопственост на Бразил и се наоѓаат на околу 350 километри од копното...

Во минатото тука биле закотвени бродовите на Америго Веспучи 1503 година. За кратко архипелагот Фернандо де Норонја бил со англиски и француски колонии, а за најдолг период бил под холандско владение.

Најлесниот начин да стигнете до тука е со авион од градовите Натал и Ресифе. Нема бразилец, кој да не знае дека токму тука на Фернандо де Норонја е најдоброто место за нуркање. За жал само најбогатите луѓе од Сао Паоло и Рио де Жанеиро може да си дозволат таков одмор.

Климата речиси цела година е идеална за пешачење, а дури и во дождовниот период (од април до август) врнежите не ги плашат бројните туристи кои сакаат да уживаат во недопрената природа. Друг интересен факт е дека всушност само Илја де Фернандо де Норонја е населен и тоа само со 3.000 жители. Не се даваат дозволи за каков и да е вид градби, зашто сиот архипелаг Фернандо де Норонја е заштитено подрачје од УНЕСКО. Не пропуштајте да станете наутро и да видите како илјадници делфини се собираат во заливот Баја Дас Голфинеос.

Околу островот живеат морски ѕвезди, сиви ајкули и се разбира морски желки.

Некои плажи се внатрешни за островите и други надворешни, во зависност од нивната локација. На прво место е најубава од сите плажи во Фернандо де Норонја - Praia do Sancho. На второ место се плажите Praia dos Porcos и Praia do Leao. Има и еден посебен залив на делфините, до кој пристапот е ограничен Dolphin Bay.

Морето околу плажите во Фернандо де Норонја е мирно речиси цела година, што е позитивно за морски туризам во регионот. Во моментов Фернандо де Норонја е омилена дестинација и една од најубавите атракции во Бразил.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...