Wednesday, 06 November 2013 12:22 Занимливости

Најстарите, односно првите деца во семејството се поинтелигентни и остваруваат подобри резултати во училиште отколку нивните помлади браќа или сестри, покажува новата студија...

Родителите воглавно сметаат дека нивното прво дете е поодговорно, а причината е тоа што правилата на воспитување се построги за постарите деца, додека кај помладите многу повеќе се толерира непослушност.

Истражувањето покажало дека дури 33,8% од мајките сметаат дека нивното најстаро дете, е едно од најдобрите ученици во одделението, а голем број испитаници го сметаат второто, третото или четвртото за помалку интелигентно од првото.

Според резултатите од студијата која ја спроведе американското Национално биро за економски истражувања, најстарите деца нависитна имаат подобри оценки и резултати во училиште. Како објаснување за ваквите резултати, научниците наведуваат дека тие се поврзани со начинот на кој родителите ги воспитуваат децата.

"Родителите повеќе внимание посветуваат на академските достигања на првото дете и воглавно кон нив се построги, и почесто ги казнуваат", вели авторот на студијата, Џозеф Хок.

Причината за тоа што мама и тато се поопуштени кога станува збор за воспитување на помладите деца е тоа што обично се премногу исцрпени да ги казнуваат секогаш кога ќе направат нешто како што не треба, објаснил Хок.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...