Tuesday, 05 November 2013 18:37 Занимливости

Стиг Северинсен (40), нуркач од Данска, во 2010 година скокнал во базен полн со ајкули и го задржал воздухот цели 20 минути и 10 секунди...



Со овој резултат го соборил Гинисовиот рекорд за долготрајна издржливост под вода. Две години подоцна бестрашниот Стиг повторно се обидел со истото и успеал да го собори сопствениот рекорд без дишење под вода дури 22 минути. Ако постои вистински човек-риба, тогаш дефинитивно се работи за него.

Стиг има завршено мастер студии по биологија и докторат по медицина, кој е познат по екстремните предизвици, вклучувајќи го и пливањето во замрзната вода. Пред поставување на првиот светски рекорд препливал околу 72 метри во водите на Северното Море, со температура под нулата. Откако земал воздух, се нурнал во првата скршена дупка во мразот на површината на морето.



Кога влегол во замрзнатата вода почнал да плива кон втората дупка. Имало три дупки на оддалеченост од 72 метри една од друга. Во водата немало никаква "помош" која би можел да ја искористи, затоа овој предизвик бил уште поекстремен.

Стиг е еден вид на супер-човек или човек-риба со капацитет на белите дробови од 14 литри, што е два пати повеќе отколку што има нормален човек. Отсекогаш сакал вода, особено замрзната. Играл подводно рагби и подводен хокеј. Напишал книга во која објаснува како да се дише правилно во вакви ситуации. Предавач е на Академијата за дишење, каде обучува други спортисти. Неговите лекции не се евтини, ги наплатува околу 10.000 $ неделно.

Тој вели дека неговата главна вештина е тоа што може да се „одвои“ од неговото тело и да се справи со болката.

„Јас не сум различен од другите луѓе. Само имам способност да ги „затворам“ сензорите кои ја регистрираат болката и непријатноста“, рекол Стиг, додавајќи дека не е плачко.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...