Thursday, 31 October 2013 19:01 Занимливости

Почетната страна на глобалниот интернет пребарувач, Google, денес ја одбележува Ноќта на вештерките...



Ноќта на вештерките се одбележува вечерта на 31 октомври, и после полноќ на 1 ноември, што кај некои христијани се совпаѓа со одбележување на Денот на мртвите, т.е. на сите светци.

Како што се верува, овој обичај потекнува од древните келтски народни традиции со паганско потекло.

Во енциклопедијата "Британика" пишува дека постојат две главни карактеристики на друидскиот празник, "палење на логорски оган и верување дека духовите и вештерките ќе талкаат наоколу таа ноќ".

Според наводите на оваа енциклопедија, „друидските церемонии додале некои обележја од римскиот фестивал, кој се одржал околу 1 ноември во чест на Помона, каде оревите и јаболката играат важна улога, претставувајќи зимска залиха на овошје".



Многу подоцна Ноќта на вештерките почнала да се одбележува не само во Ирска и Шкотска, туку и во САД, Канада, Порторико, Австралија, Нов Зеланд и се почесто во одредени европски земји.

По повод одбележување на овој датум, во Њујорк е изложена најголемата тиква во светот, тешка 922 килограми.

Гигантската тиква, која била донесена од долината на Напа во Калифорнија, е главна атракција на "проклетиот парк" во њујоршката ботаничка градина по повод празникот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...