ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 29 October 2013 15:31
Занимливости
Миењето на рацете ги прави луѓето пооптимистички расположени по доживувањето на некаков неуспех...
Д-р Каи Каспар од универзитетот во Келн истражувал како физичкото изчистување влијае после лошо искуство. Тој утврдил дека луѓето кои ги мијат рацете по неуспех, се убедени дека можат да се справат следниот пат. Д-р Каспар разделил 98 лица во три групи. Во првиот дел од експериментот учесниците од двете групи требало да најдат решение на невозможна задача. Кога двете групи не успеале, учесниците во едната од нив си ги измиле рацете. И двете групи биле оптимисти дека ќе се справат подобро со задача следниот пат, но групата "чисти раце" била поголем оптимист. Но, се добил и неочекуван пресврт. Иако луѓето кои ги измиле рацете се чувствувале подобро, тогаш веројатноста да се справат успешно со задачата следниот пат била помала. "Иако физичкото чистење по неуспехот ги елиминира негативните чувства, ја намалува и мотивацијата да се обидеме да вложиме повеќе напори во нова испитна ситуација", објаснува д-р Каспар. Во исто време учесниците кои не ги измиле рацете се справиле подобро следниот пат . Претходното истражување на Универзитетот во Мичиген потврди дека миењето на рацете е физичко и емотивно прочистување. Тим од психолози соопштиле дека наједноставен чин на миење на рацете ги тера луѓето да се чувствуваат удобно во врска со одлуките кои ги земале. Тие откриле дека луѓето кои ги измиле веднаш рацете по донесувањето на тешка одлука, биле посреќни од изборот во споредба со оние кои не го правеле тоа. Научниците веруваат дека овој чин им помага на луѓето психички да повлечат линија под одлуката. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















