ВИЦ
Релативитет ТОП ВИДЕО |
Tuesday, 29 October 2013 14:52
Занимливости
Можеби чекате да дојде 17 часот во петок, за да ја напуштите канцеларијата. Но, во вашата глава работната недела е завршена уште пред тоа...
Британците се поставуваат како за викенд во 14,39 часот во петокот, покажаа локални консултации меѓу 2000 канцелариски службеници. Речиси половина признале дека ги гледаат петоците полесно отколку на другите денови од неделата. 60% од испитаниците сметале дека имаат право на порано распуштање во петокот бидејќи работеле повеќе од работното време во текот на останатите денови од неделата. Просечниот вработен одложува најмалку три важни работи за понеделник, утврди уште истражувањето. Над 80% од учесниците во анкетата изјавиле дека шефот им добива "вредност за пари" од нивно најмување за работа. Многу вработени признаваат дека свесно работат помалку, за да завршат порано во петок. Анкетата покажа дека 13,32 часот е време кога вработените почнуваат да функционираат забавено на работното место. До 14,39 часот тие психички веќе преминале на бранот од викендот. Истражувањето потврдува исто така, дека "петокочното чувство" постои. Една третина од учесниците во анкетата изјавиле дека на работното место имаат значително подобра атмосфера во петокот. Истражувањето нарачано од Бритиш ервејз, потврди дека работењето во петокот попладне често се изразува во користење на Фејсбук, онлајн шопинг, испраќање на пораки на пријатели и на роднини, па дури и резервации на одмори, решавање на планови за викенд и онлајн банкарството. Една четвртина редовно игнорира пораки во петокот, а 28% често стануваат жртва на акутна форма на селективно слушање, кога телефонот ѕвони или директно вклучува говорна пошта. Иако просечно официјално работно време завршува во 17 ч, 30% од испитаниците понекогаш навистина излегуваат порано од работа, а 20% се облечени секојдневно и обично во петокот. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|






















