Monday, 21 October 2013 10:31 Занимливости

Колку пати родителите ви кажувале: "Молчи и јади"? Доколку таа наредба во детството ви била одвратна, тогаш ресторанот "Grееnpoint" во Бруклин, не е за вас...

Ресторанот за органска храна "Grееnpoint" во Њујорк во Бруклин, не е единствен само по јадењето кое го служи, туку и по тоа што зборувањето на маса е забрането.

Всушност, тишината е задолжителна само во недела навечер неколку пати месечно, а останатите денови гостите можат да зборуваат колку што сакаат.

Главниот кувар вели дека идејата да им забранат на гостите да зборуваат, дошла откако престојувал во будистички манастир во Индија, каде се практикува "тивок доручек".

"Сакаме нашите гости да се фокусираат на храната, на вкусот. Реакциите на посетителите се различни - за едни тоа е романтично, за други мачно затоа што едвај се воздржуваат од коментари за храната и разговорите на кои навикнале во текот на оброкот", вели куварот Николас Науман.

Гостите смеат да зборуваат само кога нарачуваат храна, а потоа во ресторанот може да се слушне само тропањето на лажиците, ножевите...ставањето вода...Некои излегуваат надвор дури и ако само мора да кивнат или да се искашлат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...