Wednesday, 16 October 2013 17:45 Занимливости

Стив Џобс бил убеден дека во претходниот живот бил борбен пилот во Втората светска војна и ја убедувал неговата девојка да земат ЛСД, со цел да го почувствуваат претходниот живот...



Ова е една од пикантериите кои ги изнесува првата девојка на Стив Џобс, Крис Бренан, во книгата „In the bite in the  Apple: A Memoir of My Life with Steve Jobs“.

Таа ги опишала сите човечки слабости што ги имал Џобс за време на нивната 5-годишна врска.

Освен тоа што тој експериментирал со тогашните нови дроги (ЛСД) и психотерапија, за неа тој е "брилијантен човек во наочари“, кој полека прераснал во "позитивен деспот“. Се уште го опишува како страстен човек со подмолен карактер.

Бренан ја опишува необична ноќ кога Џобс возбудено зборувал на некој чуден јазик, после средбата со неговиот Зен гуру, Отогава. Осврнувајќи се на претходниот живот на пилот, во 1977 година Џобс рекол дека веќе бил во ракета, а не во авион, која „брзала на место надвор од нашето време“.

Нивната врска завршила кога Бренан останала бремена, а Џобс пред судот негирал дека тој е татко, наведувајќи дека е "стерилен и не може да направи дете".

Бренан долго се издржувала работејќи како келнерка и од чековите за социјална помош, се додека Џобс неколку години подоцна не го признал детето.

Потоа тој станал посесивен према малата Лиза, која како тинејџерка почнува да живее со него, а Џобс подоцна и ги плаќа студиите на Харвард.

Џобс во 1991 година се оженил со Лорен Пауел и со неа имал три деца. Бренан пишува дека пред венчавката Џобс ја повикал и и се заблагодарил на „исполнетиот“ сексуален живот што го имале.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...