Wednesday, 09 October 2013 09:00 Занимливости

Бордер коли е најпаметната раса кучиња. Тоа го покажува истражувањето на најголемата Кинолошка организација во САД - American Kennel Club (AKC)...

"Иако сите кучиња се паметни, некои се попаметни и извршуваат одреден вид задачи подобро отколку другите", коментира претставничката на AKC Лиза Патерсон.

Бордер коли е рангирана меѓу повеќето невообичаени кучиња, кои парадираа на престижната изложба во Њујорк. Оваа раса се карактеризира со извонреден инстинкт и стремеж да му служи на човекот.

Германскиот овчар се пофали со "исклучителна флексибилност" . Овој вид кучиња се најдобри во извршувањето на полициски и воени задачи.

Белгиската раса Бледхаунд
е најдобра за дресирање и обука. Овој вид исто така често се користи од страна на полицијата или при спасувачки активности.

Претставниците на раса Бигл имаат многу силен талент, што ги прави незаменливи при потерница.

Лабрадор - ретривери се најпаметните кучиња придружници. Тие се поднесуваат на дресирање и се најпопуларното семејно куче во САД.

Њуфаундленд е сметан за најдобро куче спасител во вода. Тоа има добро развиени бели дробови, што му овозможува да плови на далечни дестинации.

Белгиските овчари се силни и брзи , едни од најдобрите кучиња кои служеле во армијата.

Сибирските Хаски се најдобрите кучиња за влечење на санки. Тие се селектирани како раса во почетокот на дваесеттиот век од американските кинолози.

Златниот ретривер е енергично куче со добра меморија, пријателски и мек по природа.

Австралиската овчарка
е паметна и силна. Таа е сметана за одличен другар при пасење на стадата на Зелениот континент.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...