Saturday, 05 October 2013 10:29 Занимливости

Што и како да јадете во текот на есента, за да не настинете, да не подлегнете на сезонските вируси и при тоа да не наталожите вишок килограми?...

1.Повеќе овошје и зеленчук
Сега му е времето да се потпрете на растителните производи. Овошјето и зеленчукот, собрани од летните градини и натопени со сонце содржат максимално количество витамини и корисни материи. Салатите ќе бидат особено здрави, ако ги зачинувате со нерафинирано масло. Јадете зеленчук супи и сервирајте ги месото и рибата со гарнир од варен зеленчук. Овошјето е најдобро да го јадете до 18:00 часот , за да избегнете чувството на тежина во стомакот и отокот пред спиење. Пијте свежо изцедени сокови. Лекарите препорачуваат да си правите два овошно-зеленчукови дена во неделата, во кои не треба да јадете месо и млечни производи. Така ќе го засилите имунитетот, за да бидете подготвени за зима.

2.Не се откажувајте од мастите
Мастите се главен извор на топлинска енергија потребни за функционирање на човечкиот организам. Во студените сезони е потребно да јадете мрсна храна. Нели не сакате да настинете? За да не се одразат мастите на вашата фигура, консумирајте ги мудро. Заменувајте го почесто месото со риба, а сланината - со сончогледово или маслиново масло. Неколку грама путер за појадок нема да ви наштетат, а од нив ќе добиете порција топлина, витамини А , В и D, калциум и фосфор. И за крај - земете го примерот од верверичките. Обезбедете се со јатки, ореви и семки и додавајте ги во омилените јадења.

3.Не заборавајте на компирот
Ако летото мирно сте можеле да минете без "вториот леб", тогаш сега е време да посегнете по него . Јадењата од компири се многу заситувачки поради неговата висока енергетска вредност. Затоа благодарение на нив ќе заборавите на ладните раце и нозе. Освен тоа компирите се богати на различни микро и макроелементи, витамини, никотинска и пантотенска киселина, како и специјални регулатори за размена на мастите и холестеролот. Јадењата од компир не го оптоваруваат гастроинтестиналниот тракт, туку напротив - ја нормализираат работата благодарение на содржината на пектин и влакна. Па компирот не само што ќе го засити гладот​​, но и ќе ви помогне да изгубите тежина. Најздравата варијанта на приготвување е едноставно да го сварите или испечете компирот со лушпа - без додавање на масти , кечап или кебапчиња!

4.Ограничете го благото
Во есен психата ни станува ранлива поради недостатокот на сонце и намалувањето на нивото на серотонин. Немаме расположение и се упатуваме кон чоколадото и бисквитите, за да се разведриме. За да не го зголемите обемот на половината двојно заради овие каприци на природата, јадете само горчливо темно чоколадо и како резервна опција имајте го сушеното овошје. А наместо паста или еклер каснете една сочна јаболка или рендан морков со малку мед. Впрочем топлото какао  дури и со шеќер) е најдобриот пијалок во студените месеци. Една чаша какао истовремено ќе ве стопли, ќе ве наполни со сладост и ќе ве засити.

5.Јадете топли јадења
За да не страдате од студот, навалете на жешките јадења. Нужно јадете супи - гласините дека тие помагаат за дебелеење се чиста шпекулација. Диетални правила на главното јадење се следниве - помалку мрсно месо, повеќе зеленчук и павлака наместо мајонез. Меѓу жешките пијалоци најпогодни се билните чаеви и компоти, притоплениот сок од јаболко, чајот од шипинка и др. Но не претерувајте со кафето - кофеинот помага за акумулација на вишокот килограми.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...