Thursday, 03 October 2013 08:41 Занимливости

Ако венчаницата на Џенифер Салвиж можеше да зборува, ќе има да раскаже некои доста возбудливи приказни. Возење санки со кучиња во Исланд, лет со параглајдер во Нов Зеланд и дури нуркање во Мауи. Овој фустан била облечен 148 пати во 19 населени места на шест континенти и пропатувал вкупно 237 378 км. 42-годишната Салвиж дефинитивно има интересно хоби...

Проектот "Еден фустан, една жена, еден свет" започнал пред речиси шест години, кога Џенифер се омажила за професионалниот фотограф Џеф на Велигденските Острови во Чиле - едно од најоддалечените места во светот.

И двајцата се планинари, кои сакаат да патуваат. Тие одлучија да се венчаат во Чиле, каде што биле на одмор во почетокот на врската. Тој сакал да направи незаборавни свадбени слики, затоа ја снимал убавата сопруга на неколку различни места од изгрејсонце до зајдисонце. По церемонијата на Велигденскиот Остров, Салвиж заминува за Кина, каде што Џеф продолжува да ја фотографира сопругата во нејзиниот венчален фустан кој за среќа останал многу удобен.

"Кога го извадивме фустанот, луѓето првично помислија дека се најдоа на свадба и беа многу возбудени. Кога разбраа дека е нешто различно се въодушевија уште повеќе. На пат кон дома ние го смисливме овој посебен проект. Ни се допаѓа идејата да го користиме фустанот, рекреирајќи ја  свадбата одново и одново", вели Џеф.

Тој ја снимал Џен насекаде - од иконите споменици (Ајфеловата кула, Ватикан, египетските пирамиди) до сценско природни пејзажи (планини, плажи, кањони, кратери) и спортски стадиони.

Погледнете дел од нивното патување ...

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...