Tuesday, 01 October 2013 18:59 Занимливости

Поради бременоста и малите деца, од 3 до 4 Британки ги загубиле своите професионални унапредувања, а по враќањето од породилно често ги отпуштале од работа...



Затоа не е чудно што две третини од жените се плашат дека поради породилно отсуство може да ја изгуби својата работна позиција. Ова не се случува само во нашата земја, туку низ цел свет.

Во истражувањето на британскиот портал MaternityCover.com учествувале 1.300 жени. Дамите се плашеле најмногу од амбициозните машки колеги, кои би можеле да ја преземат нивната работа, така што речиси половина од жените ја криеле бременоста колку што можат повеќе од нивниот шеф.

Жени се плашат дека за време на економската криза, породилното им претставува ризик за напредување во кариерата. Три од четири припаднички на понежниот пол го изгубиле напредувањето поради детето, а секоја трета смета дека намерно ја "прескокнале", затоа што била во години кога би можела да се породи, потврдило истражувањето.

По враќањето од породилно отсуство, жените како по правило имале пониски плати, а обично се враќале на работа порано отколку што е потребно, токму поради финансиски проблеми.

„Жените се уште се соочуваат со табуа во врска со работата и децата. Затоа е важно да се воспостави комуникација помеѓу работодавците и работниците, со цел да се избегнат ситуации со прикривање на бременост“, напоменал извршниот уредник на страницата MaternityCover.com, Пол Џенкинс.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...