Wednesday, 25 September 2013 08:13 Занимливости

По повеќе од 80 години, откако го напуштила училиштето, жителка на американската сојузна држава Ајова доби диплома за средно образование, соопштува локалниот информативен сајт WCF Courier...

Одри Крабтриј која сега е 99 -годишна баба, го напуштила училиштето во 1932 година - последната година од студиите, поради долгите отсуства. Како што забележува сајтот, овие отсуства биле добри причини - добила повреда при пливање и не можела да оди на училиште. Освен тоа требало да се грижи за својата болна баба. Крабтриј требало да се врати во училиште во есента, но одлучила да се омажи, а потоа да се грижи за двете деца. Во 1957 година семејството купило цвеќара, а два месеци подоцна нејзиниот сопруг починал и таа во текот на 28 години ја одржува сама продавницата "Цвеќе од Одри".

Ги надживеала уште двајца сопружници, сега таа има пет внуци и четворица правнуци. "Жали само за едно нешто - што не добила диплома за средно образование" , вели една од нејзините внуки - Шели Хофман. Имено Шели во јули се обратила кон училиштето со барање да издадат уверение за завршено образование на нејзината баба.

Во понеделникот Крабтриј го доби долгоочекуваното сведоштво. "Нејзиното искуството во бизнисот ни дава причина да мислиме дека таа го заслужува тоа", рече претставник на училиштето.

"Сега се чувствувам доста паметна", вели 99 -годишната баба на церемонијата во училиштето во град Ватерло. "Не би му советувал никого да го напушта учењето", додаде таа.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...