Friday, 13 September 2013 09:44 Занимливости

Фармери од Јамајка им нудат на туристите една необична тура, учејќи ги како да одгледуваат и пушат канабис. Иако одгледувањето на билката позната уште и како "ганџа", на островот е илегално уште од 1913 година, таа се одгледува ширум земјата...

Туристите може да го прескокнат научно-образовниот дел од програмата кој подразбира учење за одгледување на билката, и едноставно да уживаат во "тревата", обиколувајќи го Најн Мајл, родното место на Боб Марли.

Компанијата "Џамејка Мекс" која ги организира овие тури, своите услуги ги рекламира на Јутуб, нудејќи обиколка во областа Негрил, во која обаа билка најмногу се одгледува. "Негрил е место каде се одгледува најдобрата марихуана на светот. Овде можете да најдете најевтини билки за пушење", велат во видеото.

Но, туристите мора прво да пушат пред водичите за да бидат сигурни дека не се полицајци.

"Дома може да најдам и посилни работи, но има нешто посебно во тоа да пушите на Јамајка. Мислам, ова е марихуаната која го инспирирала Боб Марли", рекол еден од туристите од Минесота.

Фармерот од Најн Мајл, чиј надимак е Бризи, вели дека овие тури најмногу ги привлекуваат Американците, Германците и Русите, кои плаќаат и по 50 долари за саканиот опијат.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...