Friday, 13 September 2013 07:39 Занимливости

Сончевите системи за енергија се алтернативен извор кој добива се поголемо значење овие денови . Принципот на работа е сосема едноставен - тие ја претвораат сончевата енергија во корисна и така за домови, претпријатија, училишта и др. се обезбедува електрична енергија за многу пониски цени...

Кои се предностите во користењето на соларни системи?

Прво, изворот на напојување со енергија е апсолутно бесплатен. Од друга страна, производството на ваква енергија е еколошки и не ја загадува во никој случај животната средина. Тоа се два сериозни аргументи, а и бумот во развојот на технологијата во областа на системи за соларна енергија го прави нивното користење доста рентабилно.

На голем дел од сончевите системи не им треба одржување, откако еднаш се инсталирани. Ова е уште еден плус, бидејќи практично значи дека инвестицијата е еднократна и не се наметнуваат трошоци до крајот на животот на системот, односно во наредните 30-40 години. Во исто време целосна гаранција на соларните системи варира во рамките на 20 - 30 години, а кај некои видови и повеќе.

Многу од современите соларни системи претставуваат тенки ролни, кои се инсталираат директно на покривот како стандардни покривни облоги. Освен тоа, тие веќе се развиени во согласност со точно определени потреби. Така на пример, може да се користат за напојување на надворешното осветлување и на тој начин да се елиминираат сите трошоци поврзани со него.

Имаат ли сончевите системи недостатоци?

Да, но само еден - цената на првичната инвестиција. Инсталацијата на Сончевиот систем не е евтина и тоа е главната причина поради која не сите домаќинства не можат да си дозволат оваа иновација. На долг рок, сепак, тоа е доста поволна и прифатлива инвестиција.

Можеме да резимираме едно - соларните системи се голем чекор напред во напорите на човештвото кон "зелен живот", прашањето е колку од нас би сакале да ја направат. Бидејќи сигурните предности се многу повеќе од недостатоците.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...