Wednesday, 11 September 2013 09:03 Занимливости

Големината на тестисите покажува дали мажите ќе им помагаат на своите сопруги активно во одгледувањето на идната генерација, открија американските научници...

Според истражувачите од Универзитетот Емор во Атланта, државата Џорџија, мажите со мали тестиси ќе се грижат повеќе за бебето - ќе ги менуваат почесто неговите пелени, ќе го хранат и капат.

Научниците исто така ги откриле разликите при скенирањето на мозокот на мажите со големи и мали тестиси во момент кога гледале фотографии на своите деца. Но други фактори, особено културните традиции, исто така играат улога.

Така на пример, кај животните се забележува силна зависност помеѓу бројот на партнерите и големината на тестисите: оние кои се надарени, имаат тенденција да се справуваат со повеќе партнери. Научниците ги истражувале постулатите на теоријата на еволуцијата за распределба на времето и силите на самците меѓу парењето и воспитувањето на потомството. Носителите на поголеми тестиси придонесувале за зачнување на повеќе деца, но не се грижеле за родените.

Истражувањето ја разгледувало врската меѓу големината на тестисите и татковски квалитети на 70 мажи, кои имаат деца на возраст од една до две години. Зоната во мозокот на мажите со мали тестиси, задолжена за психолошката награда - позитивна реакција на некое дејствие, била активна кога тие гледале фотографии на деца.

Магнетнорезонансната томографија покажала трикратната разлика помеѓу мажите со мали и големи тестиси. Помалку надарените биле исто така повеќе склони активно да ги извршуваат своите родителски должности. Овој заклучок научниците го направиле од интервјуата со самите мажи и нивните сопруги. "Ова е доказ дека овие мажи се повеќе склони да се грижат од останатите. Но не мислам дека тоа може да послужи за оправдување на другите мажи", изјави Џејмс Рилинг од Универзитетот Емор.

Точната причина за врската меѓу големината на тестисите и татковскиот инстинкти сеуште не е јасна. Истражувачите веруваат дека големината на тестисите влијае врз однесувањето - веројатно за сметка на нивото на хормонот тестостерон. При тоа не е јасно дали раѓањето на бебето влијае на некој начин врз машкиот организам. "Знаеме, на пример, дека нивото на тестостерон се намалува кога мажите активно влегуваат во улогата на татковци", истакна Рилинг.

За потврдата на добиените податоци американските научници имаат потреба од дополнителни истражувања, вклучувајќи и врз промената на големината на тестисите пред и по раѓањето на детето. Научниците од Атланта, исто така, не ја утврдиле улогата на културните традиции и очекувањата на општеството по прашањето за воспитување на децата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...