Tuesday, 10 September 2013 08:05 Занимливости

Жена на 91 годишна возраст остана заклучен во текот на 23 часа во мракот, во трезорот на банка во Рен, западна Франција, во саботата...

Жената била заборавена од вработените во крајот на работното време пред викенд.

Повозрасната дама се појавила во саботата во 11:30 часот во филијалата на БНП Парибас (BNP Paribas) и побарала пристап до трезорот, каде била заклучена од вработен во банката во согласност со постапката. При затворањето на банката која требало да биде повторно отворена дури во вторникот, вработените побрзале да си заминат и заборавиле на жената која немала мобилен телефон.

Околу 20 часот навечер синот на постарата жена, веќе се загрижил кога забележал дека мајка му ја нема да се врати дома, и известил во полицијата. Откако побарале на различни места каде што би можела да биде постара дама, полицајците насочиле сомневањата кон локалниот огранок на БНП Парибас.

По барање на полицијата, париските служби на БНП "се согласиле да испратат двајца надзорни вработени, за да проверат", дали жената не е таму, рече полицискиот комесар. "Ние се сомневаме малку, но никогаш не се знае... " .

Полицајците и банкарските службеници слушнале "тенок глас од трезорот" , соопштија подоцна властите. Повозрасната Французинка била извадена од трезорот во 10:30 во неделата "во добро физичко и ментално здравје , и без да покаже незадоволство" , изјави полицискиот комесар.

Започната е истрага зошто алармот не се активирал од присуството на човекот во трезорот, рече полицискиот службеник.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...