Tuesday, 10 September 2013 07:56 Занимливости

Електронската цигара е речиси толку ефикасна за откажување од штетната навика, како и никотински лепенки, покажа истражувањето...

Во последно време се прават бројни анализи за тоа колку се штетни или корисни електронските цигари и водат ли до запирање на пушењето. Тест, направен минатата недела од кардиолог, ја покажа безобидността на електронската цигара, со која се внесува никотин во форма на пареа во устата.

Анализата на Константинос Фарсалинос претставен на европскиот конгрес за кардиологија во Амстердам, покажува недостаток на зголемување на сатурација на јаглерод моноксид во крвта при употреба на електронски цигари, за разлика од вистинските. Истражување на новозеландски научници ја покажува и ефективноста на електронска цигара за откажување од пушењето.

Франција сепак ги заостри мерките против пушењето, така што тие ги покриваат веќе и електронските цигари.

Се забранува продажба на лица под 18 години, како и нивната реклама на јавни места, како на цигарите.

Според британското медицинско списание "Лансет" истражување на Универзитетот во Оукленд покажува дека електронска цигара е слична по ефект на никотинските лепенки, како помошно средство за откажување од пушењето за барем 6 месеци.

Од вкупно забележани 657 пушачи кои сакаат да се откажат, 7.3%, кои се тестирале со електронски цигари во текот на 13 недели престанале со пушењето целосно, наспроти 5.8% кои го постигнале истиот резултат, но со никотински лепенки.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...