Saturday, 07 September 2013 18:12 Занимливости

Фотографот Кристофер Капоцијело пред 13 години без конкретен план почнал да го фотографира неговиот брат близнак Ник, роден со церебрална парализа...



10 години по почетокот Кристофер почнал да се прашува зошто и понатаму го фотографира својот брат. Така одлучил серија фотографии да ги нарече "Растојанието помеѓу нас", со што ја раскажува приказната за вината што ја чувствува како здрав близнак.

„Првите дела од оваа серија беа создадени кога почнав да се занимавам со фотографија. Со години ги собирав овие слики без никакво размислување, што би можеле да значат“, раскажува фотографот Кристофер Капоцијело.

По убедувањето на неговите пријатели и колеги да ја раскаже приказната со брат му пред цел свет, младиот фотограф почнал да размислува за фотографиите.



„Не е поентата да го покажам секојдневието од некој што живее со церебрална парализа, туку да ја споделам приказната за двајцата браќа и истовремено раскажувам како полека се оддалечувам од чувството на вина што некогаш имав здрав близнак. За време на целото детство секогаш се прашував“, зошто му се случи ова на Нико, а не мене? Зошто ова воопшто му се случува некому? На крај, фотографиите ме принудија да се соочам со сите овие прашања“, вели Кристофер.

Кристофер сака да ја сподели неговата приказна со цел свет, па преку страницата "Kickstarter" предложил проект за ко-финансирање. Бараната сума на 16.000 $ за издавање на книгата насловена како "Растојанието помеѓу нас" е веќе обезбедена, а младиот фотограф им се заблагодарува на сите донатори што му помогнале да го реализира својот сон.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...