Friday, 06 September 2013 09:38 Занимливости

Изборот на новиот кармин може да се претвори во забава, но што е она што зборува бојата за ликот на жената? Истражување на козметичкиот бренд Авон покажува дека луѓето прават моментална проценка за жената од бојата на нејзиниот кармин...

Над 80% од жените кои учествувале во истражувањето, изјавиле дека ги сметаат жените со светли кармини за уверени, а речиси 60% изјавиле оти веруваат дека овие дами се дружељубиви. Сепак под 6% од британките се подготвени да ги игнорираат воспоставените правила и да се одлучат светла боја за интервју за работа.

"Црвеното има способност да ги привлекува луѓето и да го ангажира вниманието, па може да ви помогне да ве забележат на интервју или во нова социјална средина. Но, црвеното може да значи и посилна конкуренција и ако се носи во комбинација на црни алишта, би се сметалко како агресија. Кога се комбинираат правилно, светлите бои како црвена изразуваат отвореност и дружелюбност", вели психологот Анџела Рајт.

Освен дека се посигурни, жените се чувствуваат и посексапилни, кога носат светол кармин. Повеќе од една третина од испитаните претставнички на понежниот пол изјавиле дека би одбрале светол кармин за прва средба.

"Како психолошки примарна боја црвената е физички стимулативна, го забрзува пулсот и физичката енергија. Ова е одраз на реакцијата на телото кога е возбудено, па кога носите црвен кармин на првиот состанок, бидете сигурни дека не емитувате подрско порака, отколку што сте сакале", советува Рајт.

85% од анкетираните жени изјавиле дека ги сметаат дамите, кои преферираат посветли тонови за срамежливи. Над 60% сепак признале дека би носеле посветли бои при интервју за работа, прв ден на работно место и прва средба со семејството на партнерот. Над 70% од испитаниците изјавиле дека ги сметаат жените кои носат кармин во темни нијанси, за непријателски, а само 22% од жените признале дека носат темни кармини. 25% од учесничките во истражувањето сепак изјавиле дека би носеле темни бои за божиќната забава на работното место.

Прашани кој е единствената боја кармин, кој жената задолжително треба да ја поседува, повеќето дами ја избрале црвената и телесната боја.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...