Thursday, 05 September 2013 15:56 Занимливости

Семејството Мекмилан од Канада одлучило да ги исфрли сите технолошки уреди, кои излегле после 1986 година, поради „социјален експеримент“, иако повеќето луѓе денес не можат да го замислат животот без паметен телефон или слично...

Идејата му паднала на ум на таткото Блер Мекминлан ( 26 ), кога го повикал неговиот 5-годишен син да излезе да си игра. Сфатил дека и кога е убаво времето за време на летниот период не може да го натера детето да се раздели од компјутерот и да излезе да си игра надвор.

Блер тогаш почнал да се потсетува на своето детство и сметал дека младите денес се зависни од модерната технологија - компјутери, мобилни телефони и интернет.

Така почнал да чита реклами, како да родителите да ги поттикнат децата да излезат надвор најмалку половина час. Се сетил дека порано било речиси невозможно малите да седат мирно во затворен простор. Подоцна му паднало на памет „да ги врати децата во минатото“ и да им овозможи да почувствуваат на своја кожа каков било тогашниот живот.

Од април Мекмилан ја исфрлил целата современа технологија од неговиот дома и започнал да живее како во 1986 година, со лоша фризура, касети и што е најважно, со право на социјална комуникација.

Мекмилан и неговото семејство немаат интернет ниту кабловска. Наместо тоа, ставиле телевизор од 1980 година и касетофон со песни од тогашното време. Тие ги исфрлиле мобилните телефони, праќаат писма наместо e-mail, им тропаат на врата на луѓето, наместо да ги следат на Фејсбук, користат стари фотоапарати на филм и ги исцртуваат картите кога патуваат.

Откажувањето од сите уреди не било лесно. Блер признал дека му требале неколку недели да се навикне никој да не го повика или да испрати СМС од мобилен телефон. Ова го зближило семејството и им овозможило да разговараат повеќе едни со други.

Сепак, експериментот на Мекмилан имал влијание и врз односите со пријателите. Семејството имало кутија за мобилни телефони, и оној што ќе сакал да влезе, ќе морал да ги остави за време на нивната посета. Повеќето од нив ја поддржале нивната одлука, но некои едноставно не можеле да ја отфрлат технологијата и да одат во посета на дом кој живее во 1986 година.

Тие сакаат од нивниот социјален експеримент за „раскинувањето“ со технологијата, да направат документарен филм и моментално се во потрага по режисер кој ќе се нафати да го изработи проектот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...