Wednesday, 04 September 2013 15:59 Занимливости

Американскиот студент Кајл Кандилијан (20) од градот Дирбон во Мичиген има многу необично хоби ...

Студентот одгледува лебарки како домашни миленици. Тој во неговата спална соба има дури 200.000 лебарики и ги чува во пластични кутии. Вели дека овие необични миленичиња ги одгледува за забава, но и за да заработи.

Кандилијан има 130 видови лебарки и сите се ретки видови. Нивната цена на пазарот се движи 150-200 долари.

„Јас ги продавам на саеми, изложби, а од парите што ги добивам, плаќам студентски кредити, инвестирам во купување на нови лебарки, купувам видео игри и алатки за градината“, изјавило момчеото со необично хоби.

Кога го прашале зошто одлгедува штетници во својата спална соба, рекол дека само околу 4.000 од вкупно 200.000 лебарки се штетни. Сепак, напоменува дека на почетокот не било се така идеално.

„Родителите на почетокот се противеа на мојата идеја. Мајка ми беше вон себе од бес кога еднаш виде лебарка на ролна на тоалет хартија“, се смеел Кандилијан, додавајќи дека по инцидентот користел вазелин за неговите миленичиња да не се шират низ куќата.

Неговата идеја подоцна ја споделил на саемот за наука во Детроит, што му ја донело главната награда. Премијата се одржала откако мајка му и татко му се олабавиле во однос на тоа прашање и почнале да го поддржуваат за неговото хоби.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...