Tuesday, 13 August 2013 07:20 Занимливости

Денес се одбележува Меѓународниот ден на левичарите - луѓето, кај кои левата рака е водечка...

Левичарите се луѓе кои главно ја користат левата рака повеќе од десната. Левичарите ја користат левата рака за повеќето нешта, на пример, готвење, сечење. Раката, со која човек пишува, не е единствениот и најточен индикатор - некои левичари пишуваат со десна рака, но ја применуваат левата за повеќето други активности.

Околу 10% од населението на земјата се левичари. Има и луѓе кои можат да се служат подеднакво добро со двете раце (амбидекстрите), иако се ретки. Има повеќе мажи леваци отколку жени левичари. Околу 1/3 од близнаците имаат шанса да се левичари. Статистички, близнакот на левичар има 76% шанса да биде левичар.
Во минатото научниците верувале дека изборот за доминантната рака се добива преку наследство. Една студија во 1998 година од James McDeveitt Univеrsity, Оклахома, открива дека ако двајцата родители се левичари, има само 26% шанса детето да е левичар. Тоа покажува дека гените може да не играат толку голема улога при изборот на доминантната рака.
Има силни докази дека нивото на тестостерон кај родителите влијае врз организацијата на мозокот. Една теорија тврди дека колку е повисоко нивото на тестостерон кај родителите, толку се зголемува шансата детето да е левичар.

Повеќето апарати и алатки се направени за десничари, затоа повеќето левичари се принудени да се научат да ги користат со десната рака. Бидејќи во повеќето јазици насоката на пишување е од лево кон десно, пишувањето е многу полесно за десничарите, но за левичарите е потешко, бидејќи за нив би било полесно да се пишува од десно кон лево.

Левичарите во светот се многу помалку од десничарите, но можат да се пофалат со солидни остварувања. Секој четврти астронаут од мисијата "Аполо" на НАСА бил левичар. Четворица од петмина дизајнери кои ги создадоа компјутерите "Мекинтош", исто така преферираат да работат со левата рака. Набљудувањата покажуваат дека овие луѓе се особено добри во тенисот, голфот, хокеј, крикет - спортови во кои се удира со помош на некој вид стап.

Од друга страна, левичарите страдаат повеќе од дислексија, Алцхајмер и воопшто болести поврзани со способностите на мозокот за зачувување. Смета дека секој 11-ти жител на Земјата е левичар. Такви биле Леонардо да Винчи, Грета Гарбо, Наполеон, Марк Твен. Меѓу познатите живи левичари се издвоите имињата на Бил Клинтон, Владимир Путин, Барак Обама, Пол Макартни, Џулија Робертс, Бред Пит и неговата сопруга Анџелина Џоли, Никол Кидман, Стинг, Брус Вилис и др.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...