Wednesday, 07 August 2013 16:55 Занимливости

Евин Дугас (38), социјална работничка од Лузијана, САД, влегла во Гинисовата книга на рекорди за нејзината необична фризура...



Поточно, Дугас има афро фризура со големина од 1,32 метри во дијаметар. И требале 14 години да стигне до сегашната должина на коса и пропорции. Иако е многу горда на својата необична фризура, таа признава дека понекогаш е многу тешко да се одржува.

Евин порано преферирала рамна коса, постојано се фенирала само за да ја исправи косата, но тогаш сфатила дека има преубава коса.

„Афро е мојата природна фризура и никој не би можел да има поубава од неа“, рекла таа пред 14 години и почнала да ја негува нејзината денешна коса.

Дугас стана светска рекордерка во 2010 година. Нејзината "микрофонка" оттогаш примамува само љубопитни погледи, популарноста и се зголемила, а секојдневно голем број на луѓе се прашуваат дали навистина станува збор за природна коса.

Евин планира да ја пушти косата колку што може повеќе, иако веќе и е проблематично да ја одржува големата "топка" на главата. Има проблеми кога оди под дрвја, бидејќи коса постојано и се заплеткува во лисјата и гранките, не може да гледа во ретровизорското огледало се додека целосно не ја сврти главата и не може да поднесе кога луѓето ја допираат за косата без дозвола.

3 пати во годината ги крати расцветаните краеви, а негата ја одржува со пет препарати кои се ставаат на косата по миењето. Потребни и се два дена за да може косата целосно да се исуши, а Евин дури се сеќава и дека еднаш ја сушела косата од недела до среда.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...