Saturday, 06 July 2013 16:59 Занимливости

Зеленчук без коj е тешко да се замисли нашата исхрана, е дефинитивно компирот...



За жал тој е најмалку ценет зеленчук во светот и покрај големите квалитети. Многу пати го спаси светот од глад, првата храна што порасна во вселената. Одреден период била многу ценет поради неговото високо количество на витамин Ц, што го разменувале и со злато.

Освен во кујна, компирот има и широка примена за употреба во нашите домаќинства.

1. Ако менувате сијалица и случајно испука, сите парчиња ќе се распрснат на различни страни. Наместо да викнете мајстор, овој проблем лесно се решава со обичен компир. Издлабете го компирот и заглавете го во останатите остри делови од сијалицата. Кога ќе мислите дека е убаво заглавен почнете да ја одвртувате навртката што остана во фасонката. Проблемот е решен.

2. Компир може да се користи како декоративен печат, со што можете да украсите стара покривка за маса или да насликате разгледници со децата. Сечете го компирот на половина и едната половина направете облик на срце со нож или нешто друг по ваш избор, ставете боја во чинија, топнете со обликуваниот компир во чинијата со боја и потоа удрете „печат“ со компирот на лист хартија или било што друго, па забавната креација е готова.

3. Суровиот компир перфектно ги отстранува мастите, на пример отпечатоци од прсти на врата или варовник на маска за нуркање. Доволно е да го пресечете на половина и со средината добро избришете ги трагите од маснотиите. Со него се чисти и 'рѓа, а интересно е тоа што скробот од компирот се користи само во прехранбена индустрија, како лепило, а во текстилната индустрија за премачкување на алишта.

4. Компирот е одлична храна за цвеќиња, ги оживуваат и расцветуваат собните цвеќиња. Истурете ја само водата во која се готвеле компири.

5. Компирот може да ве „спаси“ од фрлање на пресолена супа или чорба. Ставете неколку компири во тенџере, варете неколку минути, ќе му биде доволно време за да го апсорбира вишокот на сол од храната и да го спаси вашиот ручек.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...