Tuesday, 02 July 2013 16:16 Занимливости

Ако сте жена, знаете да готвите и да чистите, тогаш вие сте сериозен кандидат за жена на еден кинески милионер...



Во Кина е одржан натпревар каде се пријавиле над 1.300 жени, кои морале да ги покажат своите вештини во пеглање, готвење и чистење. Сето тоа поради една цел - да излезат со кинески милионер. Поточно, првите 50 ќе добијат шанса следниот месец да излезат со кинески милионери, чиј идентитет се чува во строга тајност, пишува „ Alaska Dispatch“.

Организаторите тврдат дека секој милионер „тежи“ најмалку $ 25 милиони евра. За да „освојат“ излегување, девојките не треба да ги покажат само своите вештини во готвење и чистење, туку ќе мораат и да цртаат, за да можат психолозите да ја оценат нивната психолошка состојба. Исто така, организаторите зборувале и со своите пријатели и колеги од работа, за да дознаат нешто повеќе за нив.

Овој настан подигна многу прашина во Кина и предизвика жестока дебата на интернет. Многумина сметаат дека таквото однесување кон жените не е соодветно. Меѓутоа, организаторите велат дека се таму за да им помогнат на милионерите, но и на жените.

„Минатата година дојдов до идеја да организирам еден ваков натпревар, токму кога еден пријател кој е многу богат, се пожали дека не може да пронајде жена за себе“, изјавува Ченг Јангшенг.

Тој верува дека на милионерите им е тешко да најдат жена, бидејќи не се толку снаодливи и друштвени како што мислат луѓето и дека од премногу работа често немаат време, ниту енергија да одат на состанок со девојка.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...