Monday, 01 July 2013 18:59 Занимливости

Благодарение на изумот на Злата, „Подравка“ станала глобална компанија, а сиромашниот градот Копривница процветал...



До сето ова не би дошло да не паднал снег во 1955 година во Загреб.

Снегот е виновен за сè! Неверојатната приказна на Злата Бартл, жената што ја измислила „Вегета“, стана хит на социјалните мрежи.

Злата е родена во февруари 1920 година во Босна и Херцеговина, Сараево, каде завршила граѓанско училиште и средно училиште.

Случајно во 1955 година се нашла во Загреб, сите патишта биле натрупани со голем снег во Југославија, поради што не можела да се врати во својот дом во Сараево.

Поминувајќи го времето во снежниот Загреб, Злата се обидела да најде работа. Се пријавила на оглас за хемиски техничар во „Подравка“ и веднаш била примена.



Овде многу напредувала и кога следната година се вратила во Копривница започнала истражувања во центарот на „Подравка“. Во 1959 г. смислила и направила зачин кој претходно не постоел во светот. Го нарекле „Вегета 40“, а подоцна името е променето во „Вегета“.

Тогаш живеела во скромната фабрика во Копривница заедно со колегите, делејќи со нив еден оброк дневно. Улиците биле калливи, а градот неразвиен. Сè било голема импровизација. Рабовите на кесичките за пакување ги лепеле со пегли кои ги позајмувале од жените од околните куќи.

„Вегета“ преку ноќ станала неверојатно популарна во цела Југославија, а потоа почнала да се шири и во околните земји. Денес, „Вегета“ се продава во над 40 земји ширум светот на сите континенти.

Благодарение на Злата и нејзиниот пронајдок, „Подравка“ со помош на овој производ станале глобална компанија, а сиромашниот град Копривница се развил. Над 50 компании од целиот свет се обиделе да го копираат овој зачин со нивната верзија за „замена“.

Злата во раната возраст имала љубов која никогаш не ја преболела, а подоцна никогаш повеќе не се венчала. Наместо тоа, се посветила на научна работа.

„Целиот свој живот сонував за создавање на нешто што ќе биде корисно. Многу сакав да учам, читам и проучувам работи кои не се во мојата област, дури и по цена на непреспиени ноќи“, рекла таа.



Злата Барт добила голем број на награди и признанија: на плоштадот во Копривница, парк во Загреб, спомен соба во „Подравка“, прогласена е за почесен граѓанин на Копривница (дури во 2006 година), добитник на награда од „Вечерњи лист“ за животно дело и многу други.

Починала 2008 година, на 88-годишна возраст.

Денес постои фондацијата „Злата Бартл“, која секоја година обезбедува стипендии за најталентираните ученици за поддршка на научно-истражувачки трудови.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...