Saturday, 29 June 2013 08:32 Занимливости

Кога ви кажат "куќа на дрво" замислувате мала непретенциозна дрвена градба, која не чини речиси ништо...

10.Feider's Interior Canopy: 18 800 долари
Поминаа деновите кога татковците се качуваа по дрва со алатки во рака, за да изградат куќа за децата. Денес има фирми за сè. Една таква компанија е Feider. Куќата е сферична во јапонски стил и нуди прекрасен поглед. Таа виси на дрвото на челични јажиња.

9.The Monstro II: 40 000 долари
Создадена е за деца. Може да се влезе од врата на подот или од задна врата.

8.Free Spirit Sphere: 44 700 долара
Овие куќички се од плексиглас и создаваат чувство на вселенски брод. Всушност се создадени со цел за медитација.

7.Triytent: 50 000 долари
Оваа куќа Дејвид Бекам ја подарил на своите деца. Дизајнер е Холанѓанецот Дре Уопенаар. Во неа има место за спиење на двајца возрасни или три деца.

6.Cedar Spire: 93 600 долари
Се наоѓа во Фифе, Шкотска. Откако дрво било удрено од гром, сопственикот наместо да го отсече, ја повикал компанија Treehouse Co, која го претвора во ретро куќичка.

5.Treehouse and Cable Bridge: 250 000 долара
Се наоѓа во Маклин, Вашингтон. Во неа има струја, интернет, камин и други погодности.

4.Microcube: 377 300 долара
Овие коцки можат да се транспортираат и инсталираат каде сакате. Направени се од лесен алуминиум, кој е здрав, без да тежи многу. Благодарение на алтернативниот екстериер се спојуваат со природата.

3.Everybody’s Treehouse: 450 000 долара
Овие куќички се специјално за деца со физички хендикеп. До нив може да се дојде и преку инвалидска количка.

2.Modular Treehouse: Околу 1,9 милиони долари без кирија за земјиштето
Фановите на научната фантастика ќе бидат воодушевени од овој модел. 70% од материјалите кои се користени во изградбата се рециклираат. Собира 8 лица.

1.Alnwick Garden: 4- 6 млн. долара
Изградена е со цел туристичка атракција. Таа е огромна и кон негa има ресторан со 120 места, продавница, две трапезарии и две училници.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...