Friday, 28 June 2013 11:40 Занимливости

Некои "ситни престапи" може да ги нарушат вашите  работни планови. Статистиката покажува дека, за да најдеш соодветна работа се потребни меѓу три и 15 месеци. За да ја изгубиш сепак се доволни само неколку зборови. Еве неколку фатални грешки што може да ја уништат секоја кариера...

Свесна изолација
Не се изолирајте! Користете ги односите со другите во компанијата, за да се ориентирате побрзо во нејзината политика. Добрите односи се важни и за да си обезбеди подршка кај колегите во решавање на проблематични ситуации.

Неподготвеност за тимска работа
Никој не се чувствува удобно во присуство на примадона. Освен тоа, секоја организација има начини да се справи со оние кои ја спречуваат тимската работа.

Непочитување на роковите
Ако терминот е среда, заврши во вторник! Подобро внесувајте помалку обврски и исполнувајте повеќе од ветеното. На организациите им требаат луѓе на кои можат да се потпрат. Да не зборуваме дека пропустоѕ на рокови е непрофесионално, создава хаос, и ја попречува работата на тимот.

Недостаток на цели
Неуспехот не е во тоа да не се постигне целта, туку да немате цел. Постојано си поставувајте цели и планирајте ја својата работа, и нека тоа ве води кон нивно остварување. Сетете се за принципот 80:20 - 80% од твојата ефикасност е последица од 20% од активностите кои ги остварувате.

Индискретност
Лифтовите и тоалетите не се личен простор. Внимавајте кога остварувате повици таму! Внимавајте што и на кого кажувате! Не давајте доверливи информации за компанијата, не ги откривајте своите погледи за контроверзни теми. Бидете дискретни!

Лични разговори
Ограничете ги личните телефонски повици до минимум и никогаш не земајте повик, по кој ќе ви треба барем пакетче марамчиња. Не праќајте ништо преку службената пошта, што не би сакале вашиот шеф да прочита. Многу системи задржуваат дури избришани пораки на серверот.

Секс со колега
Врската со колега не е добра идеја за врската со газдата да не зборуваме. Во сите случаи постигнувањата секогаш ќе бидат гледани со сомневање. Врска со подреден може пак да предизвика обвинение за сексуално малтретирање.

Лош изглед
Искрено или не, облеката го прават човекот. Луѓето вадат какви ли не заклучоци од начинот на кој изгледате. Затоа не се појавувајте на работа со бушава коса и со несоодветна облека, користете умерен јазик со соодветен тон.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...